(ВИДЕО) Навални објави снимка од „Дворецот на Путин“, вреден милијарда евра

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални откако се врати во Русија, во неделата беше веднаш уапсен и доби притвор во траење од 30 дена. Но, иако е зад решетки, тој продолжува да го критикува Кремљ.

Навални е сместен во ќелија во озлогласениот притворски центар во Москва, „Матроскаха Тишина“, а додека ги помунива деновите таму, од неговиот тим објавја видео од истрагата за изградбата и наводниот фонд што стои зад приватната резиденција на Путин во Русија на брегот на Црното Море, во вредност од милијарда евра.

Нарекувајќи ја „најголемата тајна на Путин“, Навални и неговиот тим откриваат нови детали за комплексот во близина на градот Геленџик, за кој се шпекулира дека му припаѓа на рускиот претседател.

Комплексот е снимен со дрон од воздух, а Навални вели дека е 39 пати поголем од Монако. На снимката се гледа подземен комплекс за хокеј на мраз, стаклена градина од 2.500 квадратни метри и подземен тунел кој води кон Црното Море. Внатре има раскошен театар и казино, а Навални истакнува дека ова е „најскапата палата во светот“.

– Нов Версај, новата Зимска палата – вели Навални во видеото. Навални вели дека идејата за истрагата, што ја презентира од Германија, ја добил за време на неговиот престој на интензивна нега. За овој имот Навални вели дека е „најголемиот мит на светот“ и тврди дека ја открил шемата според која парите за изградбата на овој објект дошле од оф-шор сметките на луѓето на Путин, добиени од државите на кои Путин им дал профитабилни договори.

Кремљ негираше дека Путин поседува палата во Геленџик. Новото видео што трае скоро два часа, завршува со барање упатено до рускиот народ да излезе на улица и да протестира.

– Ако 10 проценти од незадоволните луѓе излезат на улица, владата нема да се осмели да ги фалсификува изборите – вели Навални.

Истата порака тој ја повтори и во понеделникот во видео од полициската станица во Москва, непосредно пред да биде однесен во затвор.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=ipAnwilMncI&feature=emb_title

Мерката притвор што судот му ја одреди на Навални трае до 15 февруари. Тој беше уапсен на аеродромот Шереметјево, веднаш по неговото пристигање во Русија, поради кршење на условна казна. Навални дојде од Германија, каде беше лекуван откако беше затруен со нервен агенс „новичок“ – за што западните земји ја обвинуваат Русија.

]]>

Најчитани вести