Британската поп ѕвезда Ед Ширан го објави своето ново видео чие снимање завршило во Киев само неколку дена пред Русија да ја нападне Украина.
На својот официјален канал на Јутјуб, Ширан го објави видео записот за песната „2step“ во кое соработуваше со раперот Лил Беби.
Пред да започне песната, на екранот се појавува пораката на Ширан, каде тој објаснува дека видеото е снимено во Киев пред „да почнат деструктивните акти на насилство“.
„Тоа беше мојата прва посета на земјата и се чувствував добредојден“, вели Ширан.
Во првата сцена на видеото, музичарот истакна дека целиот приход од стримовите на Јутјуб ќе оди за хуманитарна помош за Украина.