Сообраќајка се случила доцна ноќеска околу 3 часот по полноќ во скопската населба Ново Лисиче во близина на бензиската пумпа на булевар Србија. Автомобил во кој се превезувале неколку млади лица се забил во паркирана цистерна за гас која стоела на бензинската, објави порталот MK News.
Од засега непознати причини автомобилот со голема брзина се забил во задниот дел на цистерната но вистинска среќа е што автомобилот не експлодирал бидејќи цистерната се наоѓала на самата бензинска а во нејзина непосредна близина имало и други цистерни.
Според првичните информации 3 од младите момчиња кои биле во автомобилот се повредени, но биле свесни и се извлечени од возилото во компактибилна состојба. Како што јавува MKnews голем број на очевидци притрчале да помогнат, а околу момчињата кој биле легнати на земја им помагале и нивни другари кои најверојатно биле со други автомобили.


