(ВИДЕО) Николовска: Решението на проблемот со откупот е во владата

Најлошиот откуп на грозје изминативе години – ова е констатацијата на лозарите кои со денови чекаат пред Винарската визба „Повардарие“. Редицата од трактори не се догледува, од приколките се гледа смедеревката, а се чувствува и мирис на комиње. Евидентен е очајот и нервозата на земјоделците кои се наоѓаат во безизлезна состојба.

– Родот годинава како ретко кога квалитетен и богат, ама никој не го сака нашето грозје, и се пожалија лозарите на поранешната пратеничка Ленче Николовска.

– Вашиот проблем е решлив. Владата има законска обврска и можност да изврши интервентен откуп на грозјето и да го преработи во дестилат.Не може да субвенционира производство а да не се грижи каде производителите ќе го продадат родот. Владата можеше да им помогне и на винариите со изнаоѓање на пазари за виното и на тој начин да ги ослободат капацитетите за новата реколта, што е крајно добро за лозарите – изјави Николовска.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести