„Го исполнивме ветувањето, ја резлизиравме мерката „зелена нафта“ за која што се залагавме во претходните 10 години. Преку неа овозможивме 30% поевтина нафта, го олеснивме производството и ги намаливме трошоците на земјделците. Оваа година на сметките на 55 илјади земјоделци враќаме околу 200 милиони денари“, изјави денеска Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ, во своето видео обраќање.
„Денес ви давам ново ветување – во следниот мандат субвенциите за зелена нафта ги зголемуваме на 50% и тоа веднаш по формирањето на новата влада во мај. Оваа мерка е само дел од сетот развојни мерки предвидени во изборната програма на Социјалдемократскиот сојуз за претстојните избори, коишто ќе придонесат за модерно и конкурентно земјоделство“, рече Николовски.
„Како што ги исполнивме ветувањата досега, така продолжуваме и понатаму. Наша цел е и останува да обезбедиме силна и континуирана поддршка на земјоделците. На овој начин, ги поттикнуваме да ги развијат своите стопанства и да остварат поголеми приходи. Заедно со земјоделците продолжуваме да чекориме на прав пат – градиме одржлив агро сектор и силна економија“, истакна Николовски.