„За прв пат распишавме оглас за сточна храна, за кој што има голема заинтересираност, а со кој ќе се придонесе сточарите да имаат поевтина добиточна храна. Преку Прогрмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година, посебен акцент ставивме на сточарите со развоен капацитет, односно тие ќе добијат 10 отсто повисоки субвенции за грло. А во следниот периодВладата ќе излезе со нови сет на меркиза развој на сточарството. Поддршката за развојот на сточасртвото, особено ќе расте со нашата интеграција во НАТО и ЕУ, и ќе ни стои на располагање 10 пати поголема сума за финансиска поддршка од европските фондови од онаа што сега ја користиме“, изјави Николовски. При тоа Николовски потенцираше дека Владата е силно посветена на развојот на земјоделството, кое што има голем удел во развојот на вкупната економија. Позитивните показатели во земјоделството ќе растатат уште повеќе со членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Европската Унија е семејство на народи – каде што земјите си помагаат една на друга за да споделат можности и да создаваат економски придобивки за секоја земја членка, што за македонските земјоделци ќе значат зголемени субвенции, инвестиции, сигурен пласман и повисоки откупни цени. Во рамки на посетата на Битола, министерот Николовски оствари средба и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, на која што разговараа за поддршката што општините ја имаат преку Програмата за рурален развој. ]]>


