(ВИДЕО) Николовски: За македонското земјоделство идната година 15 милиони евра од ЕУ

Потсети и дека само оваа година преку ИПАРД 2 Програмата, Европската комисија и додели на Македонија над 12 милиона евра за инвестиции во земјоделските стопанства, преработувачките капацитети, руралните средини, за развој на нови и постоечки бизниси, како и за рурална јавна инфраструктура. Во разговорот со производителите од двете скопски села каде преовладува градинарството, тој ги слушна нивните предлози за унапредување на земјоделството. – Градинарството е важна извозна гранка, која има голем придонес во вкупниот извоз на земјоделски производи. Токму затоа, во годинашната Програма за финансиска поддршка за оние производители кои имаат од 0,7 до 5,0 хектари субвенциите се зголемени за 20 отсто и овие корисници ќе добијат 36.000 денари по хектар, истакна Николовски. Како што соопшти Министерството за земјоделство, за македонските земјоделци и за жителите од руралните подрачја, вклучувајќи го и Стајковци, најважен е влезот на Македонија во ЕУ и НАТО.
]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести