Финансиската поддршка за активностите и инвестициите е 100 процентна, а корисниците ќе имаат опција за авансна исплата во висина од 40% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информираше краен рок за поднесување на барањата за користење на финансиска поддршка е 18- ти април 2019 – та година. „Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на финансирање на завршени активности и инвестиции од страна на корисникот во висина од 100% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за активноста од спроведената јавна набавка. Средствата од финансиската поддршка по барање на корисникот можат да се доделат во вид на авансна исплата во висина од 40% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци или пак во целост по реализација на самата активност од страна на оперативниот план на ЛАГ-овите“, изјави директорот Бабовски. МЗШВ минатата година издаде решенија за формирање на 13 Локални акциони групи, што беше и првиот чекор по многу изминати години Локалните акциски групи да имаат можност да ги финансираат своите проекти и активности преку националниот буџет односно преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. ]]>


