На социјалните мрежи кружи видео од вчерашната пресметка помеѓу жители на општина Чешиново Облешево и продавачи на сезонски земјоделски производи.
Инцидентот е пријавен и во Полициската станица во Кочани каде што е евидентирано дека на автобуското стојалиште во с. Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица сите од с.Баница, струмичко, при што биле употребени и дрвени предмети.
Од страна на полициски службеници на сите учесници во тепачката изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.