Деновиве на официјалниот сајт на полицијата во Унгарија е поставено видео од страшен судар на Lamborghini Huracan кој се случил на 5 септември 2014 година на М7 автопатот.
Сценариото познато. Моќен, скапоцен автомобил, неискусен возач и пријател со камера на мобилниот телефон и… губење на контрола на автомобилот при брзина од 315 km/h.
Автомобилот завршил во оградата покрај автопатот, набрзо се запалил а само благодарение на присебноста на спасувачите, возачот и совозачот останале живи но со сериозни повреди.


