(ВИДЕО) Од празна Будимшешта, до пусти плажи во Бразил, како изгледа светот снимен со дрон

Од празна Будимпешта до пусти плажи во Бразил, градовите низ светот изгледаат како да се напуштени.

Поголемиот дел од населението е повлечено во своите домови, со цел да се спречи брзото ширење на коронавирусот, па улиците се сосема празни, пишува Евроњуз.

Снимката, која е направена со дрон во неколку градови низ светот, на почетокот го прикажува унгарскиот главен град Будимпешта, покажувајќи ги неговите празни улици и знаменитости без посетители. Потоа камерата се префрла во Вилнус, главниот град на Литванија.

Во Истанбул во Турција, град кој е многу фреквентен, можат да се забалежат само неколку автомобили на улиците, а празните плажи на Рио де Женеиро оставаат стравичен впечаток.

Последниот град кој е снимен со дрон е португалскиот главен град Лисабон.

https://www.youtube.com/watch?v=bG6kculMx00&feature=emb_title
]]>

Најнови вести

Најново од Видеа, Свет

Најчитани вести