Незири А. 56-годишен жител од гостиварското село Неготино, попладнево во сообраќајна несреќа го загуби животот. Несреќата се случила на патот Гостивар – Кичево во близина на Здуњски мост, јавува Телма.
Според полицијата се судриле автомобил БМВ со гостиварски регистарски таблици и камион со приколка со тетовски таблици. Возачот на БМВ -то од ударот починал на лице место а 39 годишниот возач на каминот жител на Тетово, се здобил со телесни повреди и пренесен е во гостиварската болница.
Увидот на надлежните заврши доцна попладнево. Се работи на утврдување причините и се друго поврзано со сообраќајката.
Сообраќајот е во прекин поради опасност камионот да се преврти од мостот и да падне во провалија.
Фото и видео: Глоби.мк


