Демонстранти го прекинаа конгресот на ФИФА.
Две жени демонстративно го прекинаа обраќање на претседателот Сеп Блатер, мавтајќи им со црвени картони на претставници на ФИФА и извикувајќи “Израел надвор!” Претходно, група од околу 150 пропалестински демонстранти се собраа пред салата Hallenstadion во Цирих, пред почетокот на конгресот.
Палестина, која е членка на ФИФА од 1998 година, протестира против Израел поради ограничувањата на движењето на палестинските играчи. Таа, исто така се спротивставува на учеството во израелското првенство на пет клубови кои се наоѓаат во еврејските населби на Западниот Брег.


