ВИДЕО: Победа за Виљареал со гол постигнат во последната минута

Фудбалерите на Виљареал се радуваа на седмата победа во првенството на Шпанија откако синоќа со гол во последната минута го победија Елче на негов терен.

Стрелец на погодокот вреден три бода беше Икечукву Уче.

Со победата „жолтата подморница“ е на четвртото место со 23 бодови, веднаш зад водечката тројка: Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.

Виљареал по 12 рунди во Примера Дивизија има три бодови повеќе од Атлетик Билбао и четири од Хетафе.

Елче последните два натпревара на домашен терен ги губи, а на последните три дуели освои само еден бод. Со вкупно 13 бодови се наоѓа на 13.место.

Најчитани вести