(ВИДЕО) Победи на Барселона и Јувентус во Лигата на шампиони

Барселона славеше со 2:1 во Манчестер против Сити и со едната нога е во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Каталонците беа подобар противник и може да се каже дека заслужено славеа на овој натпревар.

Играч на натпреварот беше Уругваецот Луис Суарез кој беше стрелец на два гола. Напаѓачот погоди во 16-та и 30-та минута за предност од 2:0 на Барселона, а единствениот гол за „Граѓаните“ беше дело на Серхио Агуеро во 69-та минута.

Гаел Клиши во 74-тата минута заработи втор жолт и исклучување.

Во третата минута од судиското продолжение голманот на домаќините Џо Харт му одбрани пенал на Лионел Меси.

Италијанскиот шампион Јувентус обезбеди минимална предност пред реваншот против Борусија Дортмунд откако со 2:1 славеше на домашен терен.

Екипата на тренерот Алегри, поведе со голот на Карлос Тевез во 13-та минута, но пет минути подоцна Борусија израмни преку Марко Ројс.

Победата на „Старата дама“ и ја донесе Алваро Мората во 43-тат минута.

Реваншот се игра на 18-ти март во Дортмунд.

Најчитани вести