Околу 4.000 работници учествуваат во изградбата на болницата „Хуошеншеан“, која официјално ќе се отвори утре, 3 февруари, а изградбата започна на 24 јануари. Болницата е изградена од монтажни објекти и бродски контејнери за испорака, па оттука и големата брзина во нејзината конструкција. Плановите за болницата „Лејзеншан“ се проширени и опфаќаат 1.600 легла, за 100 повеќе од првичниот план. Оваа болница ќе прима пациенти од 5 февруари. Целта на изградбата на двете болници е да бидат еден вид карантин за заразените заради нивно подобро лекување, но и за заштита на другите сограѓани.]]>


