(ВИДЕО) Покетино пресреќен, екипа на Мурињо по втор пат во кариерата прими 5 гола

Тотенхем одигра неверојатен натпревар, извојувајќи голема и извонредна победа над Челзи со 5:3. Но тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, го задржува спокојството.

„Заслуживме да победиме, бидејќи бевме подобри од Челзи. За мене сепак тоа се само 3 поени“ – изјави Покетино – „за мене ова е прва победа против Мурињо, но продолжувам да го сметам за еден од најдобрите менаџери во светот”.

“Не се радувам толку за себе, колку за тимот. Ние верувавме во својот начин на игра и постигнавме важни 3 бода. Жозе ми е пријател, но на крајот овој пат ние победивме”, рече уште Покетино.

Жозе Мурињо по вторпат во кариерата предводеше тим што примил пет гола. Втор пат во 715 натпревари на кои „специјалниот“ бил на клупата на составите што ги предводел во различни земји и натпреварувања.

Првиот пат Барселона го разлути Мурињо со петарда во мрежата на Реал (5-0) и сега „петлите“ од Лондон во локалното дерби го повторија подвигот.

Најчитани вести