ВИДЕО: Полицијата во Тајланд го положи оружјето и им се приклучи на демонстрантите

Претходната недела во Тајланд, се случи шокантен пресврт на настаните. Откако им беше наредено да ги потиснат и да ги блокираат демонстрантите, полицајците наместо тоа во знак на почит и солидарност со мирните демонстранти, ги спуштија на земја нивните штитови и шлемови.

На собирот, демонстрантите објаснија дека нивната цел е да се уништи политичката машинерија на поранешниот премиер Thakskin Shinawatra, кој е обвинет за корупција и злоупотреба на власта . На актуелниот премиер , Yingluck Shinawatra, сестрата на Thakskin, се гледа како на марионета на нејзиниот брат. Во обид да ја соборат владата на Шинаватра, демонстрантите планираа да „удрат“ на Bangkok Metropolitan Police Bureau. Овој чин бил осмислен и воден од водачот на протестите, Suthep Thaugsuban.

Но, она што го направи полицијата изненади многумина. Нивното спуштање на оружјето и спојување со демонстрантите означува пресвртница во протестите и потенцијална промена на власта.

Следново видео го покажува триумфалното спојување на двете страни.

Ова е инспирирачки чин на заштитниците на редот и мирот, превземајќи иницијатива и застанувајќи зад она што е исправно. Кој знае какви промени можеа да се случат ако други земји го следеа примерот.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести