Емир Спахиќ фудбалерот на Баер Леверкузен, заработи отказ поради тепачката која ја предизвика со редарите по дуелот со Баерн Минхен. И покрај договорот до 2016 година, фармацевтите го прекинаа поради тепачката по дуелот во ДФБ купот.
И покрај фалбите за фудбалските способности на босанскиот играч, но тепачката која ја приреди едноставно не беше прифатлива за управата на клубот.
Спахиќ за инцидентот кратко изјави дека само го штител братот.


