Драматични моменти во Кисела Вода, расадник. Пожар покрај патот за малку ќе проголташе куќа, пожарот се доближи на само еден метар и благодарејќи на упорноста на сопствениците на куќата, нивните соседи и слуичајни минувачи куќата беше спасена затоа што се спречи огнот да се шири и се чекаше да допјдат против пожарните возила кои задоцнија и пристигнаа дури 30 минути по стартот на пожарот кој можеше да се види од цело Скопје и беше практично во центарот на градот покрај булевар, требаше да стигнат за 10 минути максимум, пишува Мактел.
Сопствениците на куќата беа под голем стрес, за само неколку мигови можеше се што имаат да биде проголтано за само неколку минути!
Во гаснењето на пожарот учествуваше и уредникот на Мактел Саше Политико, и како што пишува тој, инсертите се снимени само во моментите кога се чекаше полнењето на кофа со вода затоа што имаше само едно црево кое не достигаше до местото на пожарот.


