(ВИДЕО) Пред Повардарие стотина трактори со грозје, почнува да врне, очај и немоќ на лозарите

Ситуација пред Повардарие околу 100-130 трактори и 11 камиони! Почнува да врне!

Два дена се чека, за цена никој не зборува. Не сакаат да се снимаат, а во нивните очи се гледа гнев, немоќ  и очај. Ситуацијата кога на крај го предаваш родот, цела година работа, трошкови и место радост тие се исполнети со неизвесност, не дали ќе заработат туку дали ќе им биде исплатено да си ги повратат потрошените пари, а потта ја занемаруваат.

Фејсбук статус на Стефан Стефанов

Ситуацијата со откупот на грозјето насекаде е иста, се чека помош од Владата.

Најчитани вести