(ВИДЕО) Премиерот Заев, министерот Сугарески и в.д. градоначалникот на Охрид Георгиевски ја посетија германската компанија „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“: Планирани се нови инвестиции од 24 милиони евра и над 200 нови вработувања

Исто така, раководството на компанија, ги информираше премиерот Заев и министерот за транспорт и врски Сугарески дека нивни постојни клиенти се BMW, Daimler, Porsche, Tesla и Rolls Royce. Од оваа година, „Костал“ ќе изработува и проекти за Audi, Volkswagen, Seat и Skoda. „Сега сме на самиот почеток од она што сакаме да постигнеме во Република Македонија и од технологиите што сакаме да ги воведеме“, истакна Крис Сандерс, извршен потпретседател на компанијата „Костал“. zawv Премиерот Заев, пак, посочи дека германската компанија „Костал“ којашто веќе трета година функционира во Република Македонија, ја надмина висината на инвестицијата, како и бројот на вработени предвидени во договорот за државна помош. „Компанијата досега инвестирала 29 милиони евра, а во фабриката се вработени 350 луѓе. За истакнување е фактот дека просечната бруто плата изнесува повеќе од 730 евра или нето платата е 495 евра, што е близу до просекот којшто е амбиција на сите граѓани во Република Македонија“, истакна премиерот Заев. На заедничкиот состанок, претставниците на „Костал’ потенцираа дека компанијата придонесува и за развој на туризмот во Охрид. Минатата година 716 од вкупниот број на ноќевања во Охрид биле гости на „Костал“. Во исто време, тие го поздравија воведувањето на директна авионска линија Охрид – Дортмунд – Охрид, од јули годинава бидејќи централата на „Костал“ во Германија е оддалечена само половина час од Дортмунд. На тој начин, како што посочија од оваа успешна германска компанија, ќе се продлабочи меѓусебната соработка. Со втората инвестициска фаза, како што најавија од „Костал“ планирани се инвестиции од 24 милиони евра и дополнителни над 200 вработувања до крајот на 2021 година со план до 2025 година да се достигле годишна вредност на производство и извоз од над 250 милиони евра. „За мене е особено важно што се повеќе странски инвеститори се охрабрени да инвестираат надвор од Скопје. На тој начин, а во тоа во голема мера придонесоа политиките на Владата на Република Македонија, постигнуваме рамномерен регионален развој. Сите граѓани за нас се подеднакво важни и сите треба да добијат еднакви можности за вработување и повисоки плати“, додаде премиерот Заев. Истовремено од компанијата најавија и дополнителна инвестиција во проектот ОBC (On Board Charger), во висина од околу 10 милиони евра. Станува збор за најсофистициран производ во гамата на Костал наменет за електрични возила. Според бизнис планот на компанијата, 15% од потребните репроматеријали во вредност од 45 милиони евра, се планирада бидат купени од домашни компании во Република Македонија и на тој начин ќе се овозможи зголемена соработка со локални добавувачи. При посетата се разговараше за дополнителни мерки и чекори кои треба да се преземат за подобрување на инвестициската и бизнис клима и начини на дополнително зголемување на конкурентноста на македонската економија. „Костал Груп“ е формирана во 1912 година ипретставува семејна компанија со традиција од 4 генерации. Остварува деловни активности во 21 земја на 5 континенти. Ширум светот има над 20 илјади вработени и годишен обрт од 2,8 милијарди евра. ]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести