(ВИДЕО) Работнички го елиминира Трабзонспор

Со голот на Кире Маркоски постигнат во 112-та минута од натпреварот, Работнички успеа непоразен да се врати од Турција и да го елиминира големиот Трабзонспор.

На средината на теренот домашниот напаѓач, Оскар Кардозо, заработи жолт картон. На нафрлената топка од страна на Илиевски, во шеснаесетникот на Трабзонспор голманот Онур Киврак несигурно истрча, а Кире Маркоски со удар со глава ја погоди празната мрежа, префрлајќи го домашниот голман.

Работнички играше машки и храбро изборувајќи нерешени 1-1, по продолженија, и тоа со играч помалку, по исклучувањето на Душко Трајчевски во 65-та минута.

Трабзонспор успеа да стигне до продолженија, анулирајќи ја негативата (1-0) од првиот меч во Скопје, со голот на Окај Јокуслу, постигнат во 55-та минута од средбата.

Најчитани вести