Тој зборуваше зошто НАТО всушност е и формирано по Втората светска војна кога Европа била суштински и финансиски истоштена и руинирана.
Идејата дошла во 1947 година кога Џорџ Маршал, тогашен државен секретар на САД, највил пред своите студенти во Харвард еден план наречен Маршал план, како финансиска помош за Европа. Потоа од страна на претседателот на САД, Хари Труман, одобрена е оваа финасиска помош за 17 земји од Европа.
Во тоа време била понудена сума од 13 милијарди долари за помош на Европа, од овие пари имало и за тогашен Советски Сојуз, но Сталин одбил.
„Паралелно со реализацијата на тој Маршалов план, во Европа задира комунистичката идеологија која беше закана за демократскиот либерализам, дури и за безбедноста на Европа. Токму тоа е и причината што во 1949 година се формира НАТО“, раскажа Рамадани.
„Во 1949 година донесена е одлука да се формира една одбранбена воено политичка институција која служеше и денес служи за безбедност и одбрана на земјите членки на НАТО, односно е гарант за нивната безбедност“, рече Рамадани.

Тој направи паралела и со денешно време, кога „путиновата Русија имаше успех да одржува некои лидери и да се обиде да дестабилизира некои европски земји, дури и балкански земји“.
„Историјата потврдува дека 73 години немаме војна помеѓу земјите на НАТО, немаме пример НАТО да напаѓа соседни земји, освен два случаи, ситуација што беше квалификувана како хуманитарна криза, во Косово и геноцид во Босна“, рече Рамадани и истакна дека токму затоа путиновата Русија всушност се плаши од демократскиот либерализам и не сака во своето соседство да има земји кои ќе ги градат своите политички системи врз основа на евроатланските стандарди.
„Никој не се надеваше дека во Европа ќе се случи војна, ќе се случуваат агресии, но еве се случуваат. Но, во едно сум сигурен, оваа војна кога ќе заврши, а ќе заврши еден ден, жал ми е што Федералната Русија ќе биде засрамена, а Украина ќе ја слави својата слобода“, истакна Рамадани.
„Ние како евроатлански совет, веќе 25 години промовираме вредности кои се евроатлански, понекогаш дури даваме наши сугестии или бараме совети од сите влади во РС Македонија и ги подржуваме во одредени сегменти, но под еден услов, се додека владите се двигател на евроатланските стандарди и вредности. Соработуваме со 37 сестрински организации кои се членки на НАТО и аспиранти за НАТО“, потсети Рамадани.
На крајот тој порача дека „во овие тешки времиња кога се наоѓаме пред економска криза, политичка и безбедносна, да направиме еден ангажман плус заедно сите што побрзо да започнат преговорите со Европската Унија и што подинамично да стапиме како членка на Европска Унија за да ја заокружиме втората стратешка цел како држава“.
„Западен Балкан е невротичен регион, а ние остануваме постојано пред предизвиците, но главен предизвик ни е да членуваме во Европската Унија“, заклучи Рамадани.


