(ВИДЕО) РЕК Битола во колапс, а ЕЛЕМ фрла 14 милиони евра за рајска градина во Скопје

Прес конференција на  пратеникот и претседател на СДСМ Битола,  Васко Ковачевски:

 

Денес, повторно, комбинатот РЕК Битола е во тотален колапс.

Сите три блокови не работат и се надвор од функција.

СДСМ во изминатиот период предупредуваше за она што денес се случи.

Бидејќи повеќе од 80% од вкупното производство на електрична енергија во земјава го произведува овој комбинат, јасно е дека со ваквата состојба во РЕК Битола, како и неработењето на РЕК Осломеј државата се потпира само на производство од хидроелектраните.

Малиот капацитет на хидроелектраните доведува да  мора да се врши интервентен увоз на скапа струја, а сметката на крајот ја плаќаме, сите ние граѓаните.

И покрај поторошените стотици милиони евра за реконструкции, ремонти и слично, во РЕК Битола постојано има испади и долгорочни дефекти на термоелектраните на комбинатот.

ЕЛЕМ довзолува постојан пад на производството и не инвестира во основната дејност, но затоа фрла 14 милиони евра за рајски градини со мајмуни и желки во скопски Аеродром.

Со ова се потврди дека овај менаџерски тим, поставен од ДПМНЕ, во ЕЛЕМ и во РЕК Битола не е кадарен и компетентен да го води електроенергетскиот систем на Р. Македонија.

Од ваквите состојби единствено добивка имаат партијата на власт ДПМНЕ, Никола Груевски и неговите најблиски соработници.

За нивната неодговорност цената ја плаќаат граѓаните, кои ќе им ја испорачаат сметката на следните демократски избори кога ќе дојдат промените за подобра Македонија.

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести