(ВИДЕО) Револуциите денеска се прават со гласање, не на стар начин. Заокружуваш и менуваш

Сенад Хаџифејзовиќ, новинар, со порака за гласачите во БиХ за престојните локални избори:

Револуцијата денес се прави со гласање!

Млади, излезете масовно и гласајте! Немате никакво оружје во рацете, освен изборите, освен пенкалото. Излезете, испијте кафе и гласајте. Револуциите денеска така се прават, не на стар начин. Заокружуваш и менуваш. Полесно е тоа, отколку цел ден да кукаш по друштвени мрежи како нема промени и да заминеш во некоја земја во која не можеш да гласаш.

Стари, шарајте малку побогу, немојте секогаш исто. Дајте им на младите шанса во власта, нека пробаат и они. Гласајте поради младите, не поради вас

 

Народи, заборавете малку од која нација сте. Гласајте за чесни имиња на листите, а не за националните бои. Зарем не гледате дека овие кои се префарбани со сите бои вас секогаш ве фарбаат со иста боја?

Граѓани, оправдајте го вашиот општествен граѓански статус така што во недела ќе ја завршите вашата граѓанска должност и ќе гласате, а не да заминете во викендичката денес, утре или во недела.

Селани, почитувани, не бидете абдали, како што политиката ве нарекува откако ќе ви ги земе гласовите. Туку селански мудро, тоа одлично го знаете, направете сметка од што живеете. Од политичките ветувања дека дожд ќе падне на насадите или од парите кои треба, мора, да ги добиете за воопшто да има насади.
Арапи, драги… Добро, Арапите уште немаат право на глас
Жени драги, гласајте за своите жени, девојки на листите. Гласајте за машките по исти принципи по кои ги бирате за дечковци и мажи. Па, ако погрешите, како во врски некои, тогаш на следните избори сменете. Барем вие знаете да бирате и менувате.
Значи, што помасовно излезете помалку ќе се краде на изборите. Што помалку излезете ништо нема да се промени. Идеално би било да оние кои изигруваат, матат, крадат, лажат, во недела ги стигне казната народна, а во недела на понеделник казна меѓународна.

Најчитани вести