Во средбата од групната фаза на Европското првенство во мал фудбал помеѓу Србија и Португалија, најдобриот футсал играч на светот Рикардињо, постигна волшебен гол.
Португалецот направи мајсторска финта, го мина српскиот репрезентативец, а потоа со бомба под пречката ја круниса оваа феноменална акција.
И покрај овој неверојатен погодок, Србија славеше над фаворизираната Португалија со 3:1.


