(ВИДЕО) Роналдо заврши на полиграф: Што излажа еден од најдобрите светски фудбалери?!

Eден од најдобрите фудбалери во светот, Португалецот Кристијано Роналдо направи полиграфски тест како дел од промотивна кампања.

Главното прашање кое привлече најмногу внимание е дали тој би ги заменил неговите медали од Лигата на шампионите за трофејот на Светското првенство, на што Португалецот кратко одговори „не“. Полиграфот потврдил дека дека Роналдо ја кажува вистината, што можеби не ги израува навивачите од неговата татковина.

Исто така, на прашањето дали Португалија ќе го освои Светското првенство, одговорот беше потврден, но полиграфот покажа дека не е баш точно.

Тој исто така додаде дека неговиот најдобар гол со „ножички“ во Лигата на шампионите е голот што го постигна против Јувентус, но мораше и да објасни бидејќи полиграфот не го потврди неговиот одговор.

Португалецот одби да одговори само на едно прашање „Дали Алекс Фергусон е најдобар тренер?“, велејќи дека тоа е неправедно кон другите тренери со кои соработувал.

Најчитани вести