Новинарот Саше Ивановски продолжува со поставувањето на прашања на високи функционери од актуелната власт поврзани со најновите сознанија од „бомбите“ на опозицијата.
Денеска речиси цел паркинг пред Болницата „8 септевмри“ го претрча со мобилниот телефон, поставувајќи му прашања на министерот за здравство Никола Тодоров.
На некои од прашањата Тодоров смирено одговараше, односно негираше, а прашањата дали мирно спие и дали се плаши од затвор, останаа не одговорени.
Ивановски го праша Тодоров за скандалот со милионскиот тендер за Визарис, зад кој, според опозициските „бомби“, се дозна дека стоела новинарката Ивона Талевска, иако Тодоров своевремено изјавуваше дека не е запознаен со тоа.Ивановски праша и за многуте деца кои чекаат донации за лекување, за смртта на малата Тамара, за изборните кражби, за скапиот мерцедес набавен од МВР, го праша Тодоров дали мирно спие и дали се плаши од затвор.


