(ВИДЕО) СДСМ: Фирмите да не плаќаат 60 евра за GPRS врска

 

Изјава на Марјанчо Николов, пратеник:

Додека Владата зборува само за виртуелни инвестиции, фирмите во земјава се затвораат покрај другото и поради разни давачки кои им се наметнуваат.

Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка, над 10 илијади фирми се затворени.

Лошата бизнис клима влијае постојано да се затвораат фирми при што луѓе остануваат без работа.

Нема да дозволиме уште една лоша епизода за домашните претпријатија.

Домашните претпријатија не треба да плаќаат дополнителни 60 евра за воспоставување на врска со GPRS терминалот и крипто модулот. Овој непотребен трошок од претпријатијата ќе испумпа  3,2 милиони евра. (53.104 активни фискални апарати x 60евра)

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата со поднесените измени на законот за готовински плаќања, бара сервисирањето на фискалните апарати во врска со GPRS терминалот и крипто модулот да се вршат без надоместок, односно бесплатно.

Дополнително, во рамки на поднесените измени на законот за готовински плаќања бараме и намалување на казните за 50%.

Сметаме дека за нашето стопанство и нашата економија превисокоте казни се големо оптоварување за малите и средните претпријатија во земјава.

Исто така со законот бараме да се укине забрана за вршење на дејност од 30 до 15 дена за даночни обрвзници.Недозволиво е објектите да бидат затворани и пломбирани откако ќе си ја платат казната. Затоа бараме оваа мерка за затворање на објектот од 15 и 30 дена да биде укината.

Најчитани вести