Денес со прес конференција, која најде место (со живо вклучување) во вестите на „Сител“, се јави движење на граѓани за одбрана на Македонија. Од она што можевме да забележиме на пресот, се работи за луѓе вработени во државни институции, познати во јавноста по симпатиите кон власта.
Во своето обраќање, ја искажаа својата лична загриженост за состојбите во државата во светло на најновите настани.
Пред новинарските микрофони застанаа четворица глумци, еден драматург, историчар, музичар и поет. Сите добро познати „ликови“.
Во државна служба и со државна плата, како што рече еден од говорниците.


