(ВИДЕО) Сега постои и рутер што ќе ве следи за оптимална покриеност со Wi-Fi

„MSI“ сака да ги поддржи најновите стандарди за Wi-Fi како што се Wi-Fi 6, Wi-Fi 6E и Wi-Fi 7 со новата серија на рутери „RadiX“ наменети за игри.

Рутерот на MSI, за разлика од кој било друг на пазарот, има антени кои динамично ги следат поврзаните уреди додека се движите низ домот за да се обезбеди оптимална безжична покриеност.

Покрај антените, рутерот „MSI RadiX BE22000 Turbo“ поддржува Wi-Fi 7, а има и „MSI AI QoS“ технологија за намалување на пингот за време на играњето или приоритизирање на различни типови содржини.

Има пропусен опсег на канал од 320 мегахерци и компанијата тврди дека може да испорача четири пати побрз пропусен опсег во споредба со рутерот Wi-Fi 6.

Во однос на поврзувањето со кабел, „RadiX BE22000 Turbo“ е опремен со две порти од 10 GbE и четири порти од 2,5 GbE.

BE22000 Turbo не се очекува да се појави во продажба пред 2024 година, бидејќи „MSI“ треба да се погрижи антените на рутерот да издржат долгогодишна континуирана работа, пренесува „Bug.hr“.

Најнови вести

Најново од Магазин

Најчитани вести