(ВИДЕО) Шакира го „среди“ Пике со една песна: Дали е ова химна на сите изневерени жени?!

Колумбиската пејачка Шакира во нејзината нова песна му се обрати на фудбалерот Жерар Пике со кого неодамна се разделија. Нејзината песна на платформата на Јутуб руши рекорди и за два дена има речиси 90 милиони прегледи.

Пејачката не го штеди поранешниот, ниту неговата нова девојка, па преку стиховите, меѓу другото, му порачува дека „Ферари заменил за Твинго, Ролекс за Касио…“.

-Не ти се враќам, иако плачев и молев, ме остави со мајка ти, со новинарите, долговите, даночна служба – вели таа во нејзината нова песна и порачува дека само ја направил посилна.