(ВИДЕО) „Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“: Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани низ солзи си поднесе оставка од функцијата – Болни сте по функции!

Барам прошка и им се извинувам на сите граѓани кои дадоа глас за мене како дел од советничката листа, не успеав да реализирам многу работи бидејќи не беа приоритет за градоначалникот и раководството, залетани од новите функции, се грижеа само за своите интереси, истакна денеска советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Кочани.

Советот денеска бира в.д градоначалник.

– Јас во оваа прилика сакам да ја доставам мојата оставка за советник до претседателот на Советот, Ова е страшно недостојно и понижувачки за мене и за сите кои ме гласале. Оние кои не ме знаат можат да ме критикуваат, а оние кои ме знаат ќе знаат зошто го правам тоа.

Јас во иднина ќе се посветам на моето дете кое е повредено и на сите деца кои се повредени. Силе идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете, истакна советничката Кристина Атанасова-Арсова по што советот направи пауза бидејќи сите беа во солзи.

Извор – Инфомакс

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести