(ВИДЕО) Скандал во пресрет на „Оскарите“: Гледачите згрозени од однесувањето на славниот актер

Популарниот актер Хју Грант налути многу гледачи на „Оскарите“ со неговото кратко интервју со плус сајз моделот Ешли Греам.

Актерот беше видно нерасположен на црвениот тепих и не се ни обиде да сокрие колку не му се допаѓа тој разговор.

„За кого навивате вечерва?“, го праша Ешли.

„За никого посебно“, незаинтересирано одговори тој. Таа потоа го праша „Во што е облечен за наградите“.

„Костум“, ѝ одговори тој.

Ешли се обиде разговорот да го претвори во шега и го прашала кој му го скроил оделото.

„Не можам да се сетам“, заврши тој.

Неговото однесување наиде на остри коментари од корисниците на социјалните мрежи.

„Каков кретен“, е само еден од коментарите на социјалните мрежи во кои луѓето тврдат дека се згрозени од однесувањето на славниот актер.

Најнови вести

Најново од Магазин

Најчитани вести