(ВИДЕО) Социјална помош според трошоците за живот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нуди воведување на минимален достоинствен приход. Социјална заштита усогласена со потребите на граѓаните во социјален ризик. Во првата година од преземањето на власта ќе ја зголемиме поддршката со парична помош согласно трошоците за живот. Во втората година ќе започне имплементација на нов систем за социјална заштита. Социјалната заштита нема да се однесува само на висината на паричната помош туку ќе значи пристап до бесплатна здравствена заштита, образование, домување и храна за сите граѓани кои живеат во сиромаштија или во ризик од сиромаштија. Всушност нудиме пакет кој ќе значи „сигурносна мрежа“ за секој граѓанин во социјален ризик. Во Македонија голем дел од граѓаните се гладни. Истражувањата покажуваат дека 39,3% од домаќинствата не можат да си дозволат да јадат квалитетна храна со доволно количество на проетеини. СДСМ ќе даде поддршка за развој на социјални претпријатија „продавници на заедницата“ кои ќе продаваат храна по пониски цени достапни за граѓаните во социјален ризик. Во овие продавници ќе откупуваат произведена храна од локалните произведувачи, земјоделци, сточари, а со тоа ќе се стимулира и локалната економија што ќе придонесе кон развој на општините. Преку овие продавници ќе се допринесе кон намалување на сиромаштијата во исхрана и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, рече Царовска. ]]>

Најчитани вести