Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на својата страница на Фејсбук го сподели видеото за „Жени припаднички на САЕ Тигар и ЕБР“ со кое напиша дека без разлика на полот, САЕ Тигар и ЕБР се синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик.
„Кога ќе одиме дома сме мајки и сопруги, кога ќе одиме на работа сме тоа што сме”„Ги рушиме стереотипите дека е типично машка професија”, напиша Спасовски за припадничките на специјалните единици.
Специјалната антитерористичка единица Тигар е формирана во рамки на МВР во 1981 година. Пред 15 години ја доби првата припадничка. Условите за престој и работа на припадничките се прилагодени на нивните потреби и досега немало случаи на дискриминација.
„Девојки, мајки, сопруги и професионалки има и во Единицата за брзо распоредување – мотото Секогаш и Секаде важи за сите подеднакво! Формирана во 2001 година, ЕБР не препознава родова, туку само професионална припадност. Денеска, специјалните единици се синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и криминалот. Без разлика на полот, САЕ Тигар и ЕБР се синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик, без разлика на пол, со кој е доведена во прашање“, објави Спасовски.


