(ВИДЕО) Спречена трагедија: Фудбалер на Дњепар спаси живот на капитен на Динамо

Натпреварувачите од спротивни екипи се можеби лути ривали на терените во тек на игрите, но знаат и да помогнат еден на друг, кога ќе се случи некоја немила сцена.

Доказ за тоа имаме од Украина од натпреварот помеѓу Дњепар и Динамо Киев, каде што фудбалер од домашниот тим му спаси животот на својот колега во противничкиот дрес.

Капитенот на Динамо, Олег Гусев по еден судир со голманот на Дњепар остана неподвижен да лежи на тревата, па грузискиот интернационалец Јаба Канкав веднаш побрза и му го извади јазикот, за да не се задуши.

Набргу во помош дојдоа и останатите играчи од двете екипи, додека не пристигнаа лекарите. Станува збор за вистински човечки гест, со кој е спасен еден живот и кој потсетува дека има нешто што е многу поважно од ривалството.

]]>

Најчитани вести