Добиточниот пазар во Кривогаштани, денеска беше место на кое за состојбата во македонското сточарство разговараше Ленче Николовска со фармерите од тој регион.

Незадоволството на сточарите кулминираше кога еден сточар подржувач на власта се обиде да го одбрани ВМРО ДПМНЕ односно политиката на актуелната власт. Жестоката реакција на присутните сточари беше најдобриот одговор за лошата состојба во која се наоѓа македонското сточарство и вкупниот аграр. Земјоделците веќе не дозволуваат да ги лаже актуелната власт преку локалните моќници кои ги создаде во речиси секое поголемо село.





