Teлевизија „Пинк“ во емисијата „Папарацо лов“ честопати следи познати личности, ѕвезди или бизнисмени, но овој пат направила исклучок и го следела главниот епидемиолог на Белград, доктор Предраг Кон.
Скриените камери го фатиле докторот каде оди и што вози, т.е. додека сите мислеле дека живее во палата и се вози со кој знае какви џипови, тој всушност живее во станот во Белград, што се вели од раѓање, а се вози со такси, со службен автомобил и има „дачија сандеро“, што вреди, во зависност од годината на производство, најмногу до 5 илјади евра.