(ВИДЕО) Тргна на операција, па заигра во операционата сала

Секогаш кога ни е тешко, многумина од нас имаат обичај да се повлечат длабоко во себе, без да го видат позитивното што ни се случува во животот.

Доказот дека во секоја ситуација во животот има и нешто позитивно, започна да се шири на интернет во форма на видео запис, објавен на Јутјуб под името „Deb’s OR Flash Mob“.

Во видеото пациентката Дебора, пред двојна мастектомија, се забавува во операционата сала заедно со медицинскиот персонал кој треба да ѝ ја изврши операцијата.

Дебора, мајка на две деца и гинеколог, својот предоперационен танц го одржала во болница во Сан Франциско, пишува Хафингтон пост .

Покрај оваа видео во кое самата учествува, таа ги замолила нејзиното семејство и сите свои пријатели да го сторат истото, со цел кога ќе се разбоди од операцијата во периодот на оздравување да ги гледа.

-Планирам да направам збир од сите видеа и да направам едно исцелително. Не ме радува ништо повеќе од играњето на другите, движењата, вистинското присуство во сопственото тело. Се согласувате ли?, напиша таа на својата страница.