(ВИДЕО) Трипуновски: Во наредните денови ќе има исплата на 4.1 милиони евра на оние што аплицирале и добиле ИПАРД средства

„Во согласност со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат одговорно, транспарентно и во интерес на македонските земјоделци“, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Првата активност ќе биде за исплата на третиот и четвртиот квартал по основ на доспеани средства, се работи за oколу 4.1 милион евра кои што ќе бидат пуштени до оние што аплицирале и ги добиле овие средства“, изјави Трипуновски.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести