На прес конференцијата таа беше запрашана дали во август допрва ќе се одлучува кога ќе започне следната учебна година, на што министерката информираше дека сè што е непотврдено како информација е шпекулација. Министрите не шпекулираат туку изнесуваат факти и вистини.
-Токму затоа изјавувам дека Министерството за образование заедно со Министерството за здравство, комисијата за заразни болести и кабинетот на премиерот разгледуваат кои се можностите за почнување на учебната година од септември. Во моментот кога ќе има официјална информација таа ќе ѝ биде соопштена на јавноста и тоа нема да биде во август туку многу порано, рече Царовска.
Министерката Царовска исто така беше запрашана и за додадокот што треба да им се исплати на наставиците и дали е решен проблемот.
-Министерството за образование и наука, министерот за финансии како и премиерот ја зголемија блок дотацијата уште во октомври минатата година, 2020., за 2 проценти. Оваа учебна година дотациите се зголемени за 122 милиони, што укажува на тоа дека финансиските средства за опслужување на сите потреби кои што ги нанесе пандемијата во образовниот систем се сервисирани од централно ниво. Во 99 проценти од училиштата се исплатени овие додатоци. Онаму каде што се појавува проблем станува збор за индивидуален проблем помеѓу директор и одредена група на наставници, а ние неколку пати апелиравме да изнајдат решение, истакна Царовска.
Таа уште еднаш апелираше до директорите да ги увидат сите елементи и наставниците да останат мотивирани и посветени.
Повеќе во видеото:


