(ВИДЕО) Тутунари од Конче: Груевски едно евро субвенција ни дава, две ни зема

Земјоделците  од општина Конче и Лакавичкиот регион, еден од регионите каде што се произведува најквалитетен тутун, се незадоволни од состојбата во земјоделството, особено во тутунопроизводството која овде е главна земјоделска гранка.

konce1

-Ние како тутунопроизводители секоја година ја работиме истата работа. Но, има други проблеми во оваа работа… Секоја година што се ветува  за тутунарите, не само за тутунарите туку за сите земјоделци, субвенциите тутунарите не ги спасува. Затоа што, субвенциите на време не доаѓаат. На тутунарите за друго ништо не им се посветува внимание освен субвенции, но субвенциите не  ги покриваат ни основните трошоци, на пример нафтата што се троши на нивите.Нафтата за земјоделците треба да биде многу поевтина, за разлика од оние што ја користат за други намени- вели Узаир Вејселов од Конче и додава дека на  откупните пунтови земјоделците, тутунарите посебно се жалат од одбивањето на тутунот. Законски  треба  5% да се одбива, а овие од 10% до 15% и никој за тоа не води грижа.


konce4

На слично мислење е и Абдурман Абдурманов од истото село.

-Субвенциите не ни ги покриваа никогаш нашите трошоци. Затоа што тие субвенции што ги даваат тие всушност ги сопираат од нас на откупот, па потоа тие нашите пари ни ги даваат. И со тоа манипулираат дека даваат субвенции. Меѓутоа тоа се наши пари, колку што ни чини  производството за тие пари, а тие плус требаше субвенции од државата да даваат.

konce2

Во Општина Конче беше поранешната пратеничка Ленче Николовска која во разговор со земјоделците посочи дека лошата состојба во која наоѓа македонскиот аграр е резултат на погубната аграрна политика на актуелната власт која покажа голема негрижа за земјоделците и земјоделското производство, а субвенциите ги користеа само за уцени и закани на земјоделците со нивните пари.

konce5

-Сакам да потенцирам една многу важна работа, со оглед дека Никола Груевски ги користи субвенциите, за уцена на земјоделците, за да гласаат за избори, сакам да им укажам на земјоделците, дека субвенциите се државна мерка, а не партиска мерка и дека тие ќе ги има без разлика кој е на власт. Не ги дава Груевски од џебот или министерот за финансии, или за земјоделство. Но, субвенциите мора земјоделците да ги добиваат навреме тогаш кога и се најпотребни за да има развоен ефект. Тоа значи, сточарите субвенциите треба да ги добиваат во јули после жетва, за да си купат поевтина добиточна храна. Поледелците субвенциите треба да ги добиваат во септември пред сеидба за да си купат репрометеријали да влезат во новата реколта. Лозарите и овоштарите во Февруари пред новата сезона. градинарите во март и тутунопроизводителите по предавање на тутунот.

Ова е предвидено во програмата на СДСМ, тоа ќе го воведе новата влада на СДСМ. Значи потенцирам дека субвенциите се државна мерка а не партиска и не смее Груевски да ги користи за уцена на земјоделците, бидејќи тие се нивни пари обезбедени со закон- изјави Николовска.

konce3 konce6

 

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести