(ВИДЕО) Уапсени државни службеници и 9 газди на фирми

Кривична пријава против 16 лица, од кои 7 службени лица вработени во Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина, како и 9 сопственици, управители или овластени лица во компании, е билансот од полициската акција „Зелено“.

Сите осомничени се гонат за разни незаконитости во работењето, а кривичните пријави кои им се ставаат на товар се однесуваат на основани сомненија за злоупотреба на службената положба и овластување, примање поткуп и давање поткуп.

„Пријавените седуммина, во својство на службени лица, вработени во Министерството, Државниот инспекторат и Управата за животна средина, во текот на 2014 година искористувајќи ја својата службена положба и овластување на одредени правни или физички лица кои се јавуваат во својство на баратели на дозволи или потврди за вршење дејност-увоз на стоки со ознака Д4, односно кои согласно тарифникот се под режим на ограничен увоз, а кои дозволи се издаваат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, им овозможуваат противправно да се стекнат со истите и покрај тоа што не поседуваат целокупна документација. Тие вршеле редовни инспекциски контроли и притоа во записниците од извршената контрола им внесувале лажни податоци, а да бидат фаворизирани пред други правни субјекти, по што продолжувале противправно да обавуваат дејност, а за сметка на тоа се стекнувале со противправна имотна корист“ – извести МВР.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести