(ВИДЕО) Ударот на автомобилот во демонстрантите во Шарлотсвил

Вознемирувачки снимки го прикажуваат моментот кога автомобилот се втурна во толпата демонстранти во Шарлотсвил, Вирџинија, при што загина една жена а повредени се 19 други лица. Градоначалникот на Шарлотсвил, Мајк Синер, го нарече инцидентот “терористички напад со автомобил кој се користи како оружје”.

Инцидентот се случи во саботата попладне, додека антифашистичките демонстранти се упатија кон центарот на Шарлотсвил за да се спротивстават на екстремно десничарскиот митинг.

Возачот, идентификуван како 20-годишен Џејмс Алекс Филдс од Охајо, беше притворен од полицијата и обвинет за убиство од втор степен за убиство на жената идентификувана како 32-годишна Хедер Хајер.

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести