Полна со шарен зеленчук – оваа чорба е вистинско богатство од витамини и минерали. Лесна е за подготовка, а го загрева и освежува телото.
Совршена е за ручек или вечера, а со додавање на ориз станува оброк кој ќе ве засити. Уживајте во секој здрав и вкусен залак!
Потребно е:
една главица кромид
масло
2 моркови
корен од целер
зелена пиперка
тиквичка
поголем компир
домат
3 лажици ориз
сув зачин, мелен бибер и сечкан лист од магдонос
Подготовка: Исечете го целиот зеленчук на мали коцки. Ситно исечкајте го кромидот и испржете го во масло заедно со морковот. Подоцна додадете го исечканиот корен од целер, тиквичките, пиперките и компирите со излупениот домат. Налејте вода и варете 30 минути.



