(ВИДЕО) Возовите втор ден запрени, вработените во МЖ ги бараат своите плати

Возовите во мирување, а вработените во железницата го продолжуваат протестот кој го почнаа вчера и не остапуваат од барањето да им е исплати платата за декември и јануари, јавува телевизија 21

Како претставник од менаџменот, кај нив дојде директорката на јавната служба која не сакаше пред камера да објасни како би можело да се реши проблемот, но на работниците им вети дека набрзо ќе се најде решение.

Но Ѓоко Илиевски, член на Иницијативниот одбор за протестот , изјави дека со директорката не најдоа заеднички јазик и нагласија дека веќе не сакаат да чекаат за заработената плата. На пероните на главната железничка станица во Скопје и денеска немаше ниту возови, ниту патници.

Железничарите велат дека протестот на околу 250 вработени продолжува, се додека не им се исполнат барањата. ТВ21 и денеска побара одговор од „Македонски железници – Транспорт “, но од таму не стигна никаков одговор.

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести