Специјалниот тунел, произведен од руска компанија со седиште во градот Пенза, е поставен во официјалната резиденција на Путин во Ново Огариово.
Видеото од луѓето кои поминуваат низ овој тунел ја објави „РИА“, а во него се гледа како луѓето со заштитни маски минуваат низ него, за да бидат дезинфекцирани. Руската новинска агенција појасни дека со средствата за дезинфекција во вид на пареа се чисти облеката и секој горен дел од телото.
Дмитриј Песков, портпаролот на Путин, во април изјави дека сите што се среќаваат со Путин, мора да бидат тестирани од новиот вирус. Месец дена подоцна, Песков изјави дека тој е заразен.
Во Русија има повеќе од 500.000 случаи на заболени од коронавирус и со оваа бројка таа е на третото место во светот, по Бразил и Соединетите држави. Русија тврди дека тоа се должи на програмата за масовно тестирање.
Досега во Русија од Ковид 19 починале 7.284 луѓе, многу помалку отколку во многу други земји, а критичарите се сомневаат дека бројот на мртви е точен.
]]>


