(ВИДЕО) Заев со апел на земјоделците да им се пушти вода од Стрежево

Додека премиерот пушта игралишта во Новаци, воопшто не се сврти кон земјоделците и да праша зошто повеќе од месец дена нема вода пуштена од Стрежево. Таму е катастрофа, наводнување нема ни тутунот, ни пиперот, нема ни за другите земјоделски култури. Цените за земјоделските култури се катастрофа. Компирот во моментов е 5 денари, зелката е под 3 денари, доматот, краставицата се со понижувачки цени. Апелирам комплетно внимание кон една од најважните гранки а тоа е земјоделството. Лето е веќе и температурите не можат да дозволат да се издржи без вода. Оправдување дека бил запушен каналот па немало вода не држи. За два три часа се отпушува тој канал. Апелирам од Стрежево да се пушти вода директно на земјоделците од пелагонискиот регион заради тоа што навистина ќе го изгубат и тоа малку што остана после поплавите како производство од коешто егзистираат огромен број на семејства во нашата земја – рече Заев.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести